ММС

Објавено на: 12/1/20 7:27 PM

Влада: Ски-центрите ќе работат според соодветен протокол, награда за пиротехничарите што ги отстранија гранатите во Битола

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат согласно соодветен протокол со пропишани превентивни мерки во услови на пандемија од КОВИД-19, имајќи предвид дека скијачките центри не располагаат со затворени гондоли на жичарите.

Владата ги прифати и препораките на Комисијата во однос на Протоколот за безбедносни мерки за Ковид -19 за ски центрите за измени во делот на редарската служба пред билетарите и ски лифтовите. Задолжително е потребно обезбедување на физичко растојание од 1,5 – 2 метри и пред билетарите (како пред жичарите и ски лифтовите), како и ограничување на работата на угостителските објекти на терените само на отворен простор и со шалтерска продажба со прибор за еднократна употреба.

Владата ќе им додели еднократна парична награда во висина од 30 илјади денари на седумте пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување кои отстранија над 7.000 парчиња или 52 тона гаранти во близина на Градскиот стадион во Битола.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.