Општините од Полошко најверојатно од наредниот месец ќе можат да го носат сметот во Русино
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/1/20 3:48 PM

Општините од Полошко најверојатно од наредниот месец ќе можат да го носат сметот во Русино

Општините од Полошко најверојатно од наредниот месец ќе можат да го носат сметот во Русино, откако градоначалнците од овој регион ги прифатија барањата на невладините кои не дозволуваат да се транспортира и депонира отпадот во Русино, затоа што истата работи без стандарди.

 Денеска градоначалниците од полошко ставија потпис на барањата на иницијативата СТОП Русино, или во превод ги прифатија барањата меѓу кои, за период од пет години оваа депонија да не постои, да се доведат во нормален тек отпадните води и да има минимални услови за депонирање на сметот.

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари е оптимист и смета дека се гледа светло на крајот од тунелот околу проблемот со дивите депонии во полошко.

Од Центарот за полошки плански регион, велат дека ќе се исполнат барањата, а во меѓувреме се бара нова локација за депонирање на смет, која ќе биде наменета за целиот полошки регион

Ниту една општина од полошко нема депонија која работи со стандарди. Сметот директно се истура на земја. пред да се однесе во скопската депонија Дрисла.

З.Д.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7