ММС

Објавено на: 11/30/20 8:42 PM

Со амин од вработените исчезнуваат мртовци од гостиварската болницата и се закопуваат без протокол, вели Лирим Кадриу сопственик на погребално претпријатие во Гостивар

Во Гостивар починатите со амин од надлежните скришно се изнесуваат од болничката капела, без притоа да се запазат протоколите за закопување на починати од ковид-19, но и да се напрват погребалните документи.  Ова за ММС го тврди Лирим Кадриу, сопственик на погребно претпријатие од Гостивар, кој како што вели,  се сомнева на договор меѓу медицинскиот персонал во болницата и семејствата кои ги преземаат своите починати.

-Тела на починати исчезнуваат од болничката капела во гостиварската болница и тоа мислам за 500 до 1.000 денари. Членови на семејствата не сакаат да ја почитуваат строгата процедура, па на своја рака си ги преземаат починатите и ги погребуваат. Меѓу починатите има и лица кои ја загубиле битката со ковид- 19, вели Лирим Кадриу, сопственик на погребното претпријатие „Ахирет“ од Гостивар, кое меѓу останатите услуги органиира транспорт и погреб  на лица починати од последици предизвикани на корона вирусот.

Кадриу вели е сосема сигурен дека само минатата недела најмалку шест лица се изнесени на ваков начин, а тој чека по два часа пред болницата за да преземе тело на починат.

-Во овој скандал не се сами членовите на семејството на покојникот. Тие не може туку така да влезат во болничката капела и да си го земат починатиот, секако ако за тоа немаат поддршка од внатре, од некој од вработените во болницата. Таму некој ќе си стави пари во џеб и само ќе ја отвори вратата. Што е ова? Ова не може да биде ништо друго освен крадење на мртовци, вели Кадриу и додава:

„ Освен што ги кршат процедурите, така прават и директна штета врз нашата работата. А ние работиме со лиценца, со заштита и мора да чекаме со часови за да превземеме некој покојник, а некој ноќе ќе дојде и ќе го земе покојникот. Но, во целата оваа ситуација поопасно е што сето тоа им се дозволува. Со телата на инфицираните да ракуваат лица кои за тоа немаат никаква дозвола. А да не зборувам за тоа што на таков начин ја шират и заразата.  Го земаат заразениот покојник незаштитени и така го носат на гробишта. А починатите не смее да се изнесуваат од болничката капела без да се исполнат процедурите и без да се запазат протоколите за погребувањето. За ова сите знаат и сите молчат. Молчат и надлежните служби, вработените во болницата и секако џамиските одобори, вели револтирано Лирим Кадриу.

ММС се обиде да го контактира директорот на гостиварската општа болница,  Јакуп Јакупи,  да даде објаснување,  но, тој денес беше презафатен и не одговори на нашите повици и пораки.

Процесот на преземање и погребувањето на починато лице од ковид-19 во болнички услови е определен со закон и има утврдена процедура. Но, оваа процедура, како што вели Кадриу воопшто не се запазува.

Проблемите со погребување на починатите во Гостивар за прв пат се појавија летово. Јавноста беше згрозена кога на депонијата „Русино“  и во близина на градските гробишта беа откриени празни лимени и дрвени расфрлани мртовечки ковчези.

„Мизерно, па по мизерно не може да биде!“, „ Морбидно и недостоинствено“, „Без почит најпрво кон луѓето кои се живи а потоа и кон оние кои починале“, беа дел од коментарите на Фејсбук, каде беа постирани сликите со фрлени мртовечки сандуци.  Во групата „Чист Гостивар! Стоп за депонија Русино! Чист воздух за Гостивар“ постојано се споделуваа слики од она што им се случува на гостиварци и за негрижата на институциите.

 

-Институциите спијат, локалните власти спијат, јавниот обвинител спие, велеа членови од овие групи.

По оваа случка од пред три месеци од гостиварското муфтиство за медиумите тогаш изјавија дека фрлените празни ковчези малку веројатно дека се на лица починати од ковид -19,  бидејќи , како што изјавија тогаш починатите се погребувале според посебните протоколи.

-Одговорен за погреб на починатите со сите верски обреди е Одборот на џамијата, на чело со верскиот службеник. Починатите од Ковид-19 се погребуваат според протоколите на надлежните државни органи. Верските обреди се вршат по погребувањето (со ковчег). Доколку не е вршено миењето и тој/таа не е починат повеќе од три дена и се гарантира дека телото стоело во комора и во текот на отворањето нема лоша миризба, тогаш тој починат се чисти и се вршат сите верски обреди. А за ковчези се грижи одговорното лице на селските гробишта, одборот на џамијата со семејството на починатиот“, одговорија тогаш од гостиварското муфтијство.

Но, според  тврдењето на Кадриу очигледно е дека проблемот сеуште постои и за него надлежните ги затвораат очите.

Кривичниот закон, пак, е јасен во вакви случаи и со него е предвивдено казнување за Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Во Член 206 стои:

„Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

Зоран  Гега Маџоски

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.