Сув нос, наговестува дека ќе изгубите мирис и вкус првите симптоми на корона вирусот
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/30/20 4:13 PM

Сув нос, наговестува дека ќе изгубите мирис и вкус првите симптоми на корона вирусот

Како што истакнуваат сите експерти – светски и домашни – сè уште не е познато доволно за корона вирусот. Секојдневно се пријавуваат нови симптоми, рани знаци на инфекција за овој опасен вирус, а неодамна, научниците од Универзитетот во Барселона направија уште едно откритие.

Тие дојдоа до заклучок дека 70 проценти од луѓето кои се разболеле од ковида-19, во најраната фаза, се пожалиле на сув нос. И дури тогаш нивното чувство за мирис и вкус целосно исчезнало.

Научниците претпоставуваат дека губењето на мирисот кај ковид-19 е поврзано со исклучување на пехарските клетки, кои помагаат супстанциите одговорни за мирис да се „лепат“ на соодветните рецептори. Поради тоа, се јавува сушење на мукозната мембрана.

Важно е дека сувоста во носот останува кај пациентот приближно истиот период со губење на мирис. Во просек, трае од осум до дванаесет дена, а потоа постепено се враќа во нормала.

Преземено од: https://stil.kurir.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7