ММС

Објавено на: 11/29/20 10:47 PM

Со една рака 19 месечниот Михаил од Тетово живее од неговото раѓање, родителите бараат помош

Со една рака 19 месечниот Михаил од Тетово живее од неговото раѓање. Родителите пробале разни терапии и третмани но безуспешно, неговата рака не може да профункционира.

Семејството Ристовски спасот го гледаат во лекување со кинеска терапија во приватна болница во Белград. За вакви третмани потребна е сума од 15 000 евра, средства кои не можат да ги соберат. Се надеваат на помош од хуманите луѓе и организации.

Мирослав со неговата сопруга имаат три деца. На Михаил левата рака му е скршена за време на породувањето. Оттогаш животот им е целосно променет. Финансиски се истрошени, а ковид кризата им ја искомплицира нивната лоша економска состојба.

Семејството уште еднаш апелира за помош од хуманите луѓе и организации. Пари да го платат третманот во Белград немаат, а од Фондот за здравствено осигурување им одговориле дека не можат да им ги покријат трошоците, затоа што се работи за лекување во приватна клиника во друга земја со која немаат склучено договор.

З.Д

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.