ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/29/20 2:19 PM

Протекоа нови детали за последните моменти на Марадона: Тој го избркал докторот од куќата, починал лут и тажен

Смртта на Диего Армандо Марадона се уште е главна тема во аргентинските медиуми, а весникот Кларин, кој прв ја објави информацијата дека Марадона починал, носи и детали за последните моменти на легендарниот фудбалер.

„ Во неговите последни денови, моменти на среќа беа измешани со гнев и оние демони кои секогаш го следеа. Осамен. Тажен Во стапицата на неговите демони. Така почина Диего Марадона – започнува текстот на Кларин, кој открива како изгледале последните денови на Диего Армандо Марадона, од моментот кога бил во болница поради операција на хематом на мозокот.

Додека бил во болница, неколку дена пред неговата смрт, додека чекал отпуст по операцијата на клиниката „Оливос“, Марадона смислил план за бегство помеѓу спиењето. Тој побарал да размени облека со лицето кое го чувало за да избега од собата. Тој го одбил и Диего веќе тогаш открил дека е уморен од животот.

„ Би сакал да одам на одмор од Марадона – му рекол на лицето кое се грижело за него и кое не сакало да му помогне да избега.

Telegraf.rs

фото-спортманија.мк

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7