ММС

Објавено на: 11/29/20 12:02 PM

Тајсон со над 50 години повторно во ринг, дуелот без победник(видео)

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија Мајк Тајсон повторно беше во рингот.

Ревијалниот бокс меч меѓу легендарниот светски шампион Мајк Тајсон и Рој Џонс одржан во Лос Анџелес заврши без победник, но  имаше сè, а публиката можеше да ужива во спектаклот.

Судиите по борбата во осум рунди од по две минути полна со многу клинча одлучиле да нема победник мечот да заврши реми 76-76, 76-80 и 79-73.

54 годишниот Тајсон и три години помладиот Џонс ревијалниот меч го одработија во Стејлп Центарот во Лос Анџелес.

https://youtu.be/EqVOPo8MteQ

Во петтата рунда Џонс со серија од четири удари беше блиску да го нокаутира големиот шампион , но „Железниот Мајк “ не капитулираше.

Тајсон во завршницата од мечот се обиде да му се приближи на Џонс и да го нокаутира противникот , но за жал не успеа во намерата.

Foto: Printskrin


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.