ММС

Објавено на: 11/28/20 2:17 PM

Александар Николовски: Владата на Заев ќе падне од неговите пратеници(видео)

По завршувањето на 100-те дена од владеењето на СДСМ и Коалацијата , во Собранието ќе го поставиме прашањето за доверба на Владата, рече во телефонското гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Александар Николовски.

Тој тврди дека Коалицијата ќе се растури од внатре и дека има сознанија оти некои од помалите политички партии од македонскиот блок имале во план да излезат од Коалицијата, особено сега по последното интервју на Заев за БГНЕС.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.