ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/28/20 2:37 PM

Должам милион евра, па што, треба ли некој да ме убие – Српскиот пејач Дарко Лазиќ прозборе за долговите

Пејачот Дарко Лазиќ во една емисија призна дека не се „отарасил“ од долговите! Лазиќ изјави дека долговите се зголемени, па сега бројката што ја должи, според него, е еден и пол милиони евра.

“Сè уште не ги отплатив долговите, тие се зголемија. Беше милион, сега е милион и пол. Но, добро, веднаш штом почнам да работам, ќе ги вратам. Важно е главата да биде на моите рамена”, рече Дарко.

“Ако некои други се во долгови, зошто јас да не можам? Милион и пол евра воопшто не се малку”, додаде Лазиќ, на што домаќинот го праша дали се шегува.

“Не се шегувам. Кому треба да му е гајле дали должам или не? Дали треба некој да ме убие за тоа сега? Сè е во луѓето, јас сум најнормална личност. И ако должам, знам дека ќе ги вратам”, истакна пејачот во емисијата „ДеТоксик“.

Последните месеци Дарко шокира од трансформациите, а познато е дека ослабе дури 70 килограми.

Извор и фото: mondo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7