ММС

Објавено на: 11/28/20 10:29 AM

Трактор стар 100 години подготвен да заора во Србија

Во музејот „Жеравица“ во селото Ново Милошево, Србија, најголемата збирка ја сочинуваат земјоделски машини и трактори, а, благодарение на ентузијасти, сочувани се и трактори и парни машини што сега се културно добро во Србија.

Вистински „бисер“ е тракторот „харт пар“, произведен во САД пред 100 години, па тој е централен експонат во Музејот во Ново Милошево. Тракторот е најстар во Србија, развива брзина од четири километри на час, со мотор од 30 коњски сили.

„Тракторот е исправен и требаше за јубилејот да изора една парцела, но коронавирусот ги наруши плановите. Се трудиме секој експонат да го доведеме во исправна состојба. Тоа не е лесно, бидејќи нема резервни делови, а литература и техничка документација мнгу малку. Успеавме да оспособиме околу 60 проценти од експонатите, да бидат во работна состојба и да можеме да покажеме како работеле“, вели за РТС Чедомир Жеравица, сопственик на Музејот.

Многу интересни се и самоодните парни машини, направени пред стотина и повеќе години…


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.