ММС

Објавено на: 11/27/20 5:19 PM

Состојбата со детските градинки e стабилна, вели Шахпаска

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска од Штип порача дека состојбата во детските градинки се уште е под контрола.

-Бројот на позитивни дечиња во градинките е со денешна бројка изнесува 35, а 279 возрасни вработени во градинките. Тоа е бројката, што ја добив пред да пристигнам, малку коригирана со утринските бројки. Тоа се возрасни вработени, меѓутоа воспитувачи, негователи, градинари, луѓе коишто работат во кујна, односно персоналот кој овозможува непречено функционирање на детските градинки, вели Шахпаска.

Според последните податоци 31 Центар за лицата со попреченост работат и во нив се згрижуваат корисниците, а три центри се затворени поради 16 вработени и четворица штитеници, позитивни на коронавирусот.

-Знаеме дека и Дневниот Центар во Штип беше затворен еден краток период заради позитивни, како вработен, така и неколку штитеници, корисници. Меѓутоа по изолацијата и по изминувањето на периодот  согласно препораките на здравствените власти, центарот е повторно отворен, вели Шахпаска.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.