ММС

Објавено на: 11/26/20 4:54 PM

ПМ 10 честичките со смртоносниот вирус преставува една од најлошите комбинации по човековото здравје

ПМ 10 честичките со смртоносниот вирус преставуваат една од најлошите комбинации по човековото здравје.Тетово се најде на врвот на листата на најзагадени градови во светот и оваа зима. Граѓаните се плашат од вирусот, но и од загадениот воздух, па затоа и ретко излегуваат од дома.

Зимата ќе биде лоша и многу опасна, особено ако не ги почитуваме здравствените протоколи и мерки, велат здравствените експерти. Смртноста кај населението се зголемува ако имаме екстремна загаденост на воздухот како во случајот во Тетово, град каде има голем раст на број на заразени со КОВИД 19, што дополнително го зголемува ризикот, од се поголем број на смртни случаи.

Граѓаните се плашат од вирусот но и од загадениот воздух, па ретко излегуваат од дома.

Од Општина Тетово велат дека инспекциите се на терен. Исконтролирани се повеќе погони за кои се претпоставува дека го загадуваат воздухот. Дали ќе се казнуваат допрва ќе се утврдува.

Инаку Тетово се најде на врвот на глобалната база на податоци на НУМБЕО како најзагаден град во светот.

 

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.