ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/11/18 11:14 AM

Владата не открива дали разрешувањето на Шаќири е поврзано со полициската акција во Струга

 

Арменд Шаќири вчера беше разрешен од должноста директор на Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга. Одлуката за разрешување ја донесе Владата од каде денеска не открија дали тоа е поврзано со полициската акција во Струга од пред четири дена.

„Значи по негово барање Владата донесе заклочок врз основа на кој му се прифаќа барањето. Барањето е поднесено пред неколку дена, пред почетокот на наредната седница, но после поминување на основните комисии на вчерашната седница повторно е разгледувано и прифатено неготово барање. Не можеме како Влада ние да коментираме постапки кои се во надлежност на други институции“, изјави денеска Хоџа.

Инаку во неодамнешната полициска акција за сузбивање на криминална група која продавала дрога и оружје беа приведени седум лица, кои претходно веќе имале одлежано затворска казна но од отворен тип. Во врска со овој случај, под  истрага се повеќе лица, меѓу кои и еден инспектор од полициската станица во Струга. Неофицијалните  информации говорат дека се сомничат и вработени во затворот кои ја злоупотребиле службената положба и им помагале на затворениците.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1