ММС

Објавено на: 11/25/20 12:02 PM

Единствено место во БиХ: Погледнете го иднијанско-каубојскиот ранч на Тихо Сушац

Дури когa последното дрво ќе биде пресечено, кога последната река ќе биде затруена и кога последната риба ќе биде уловена, тогаш ќе можеме да сфатиме дека не можеме да јадеме пари, кажуваа во старите времиња Индиaјнците, а со тоа и денес е согласен Тихомир-Тихо Сушац од Чаплина, Босна и Херцеговина.

Тој во чаплинското село Требижат, на брегот на истоимената река, изгради единствен ранч во БиХ – индјанско-каубојски „Гаучо ранч“.

„Се’ изградив со свои раце, од дрва што ги донесе реката, од гранки што паѓаа од дрвјата, но и сечејќи стебла што ги засадив уште како дете, од камен што го наоѓам во природата… На ранчот сакам да го оживеам духот на Дивиот запад. Се’ е прикажано во некое помало издание зашто немав парични средства за повеќе, но задоволен сум“, раскажува Тихо за „Независне новине“.

Визијата ја добил уште во раното детство. Кога потпораснал редовно ги читал стриповите за Командант Марк, Блек, Кит Телер, Загор, ги изгледал сите ветстерн-филмови што се снимени.

На ранчот се’ изработил со свои раце – традиционален индијански шатор, томахавк, копје, лак, стрели, каубојски шешири, колиба… Ѕидовите на колибата ги украсуваат фотографии на Вајат Ерп, Док Холидеј, Буфало Бил, Емилијано Запата, на Бикот Кој Седи, Џеронимо, Лудиот Коњ… Сето тоа може да се види во херцеговското село Требижат, пишуваат „Независне новине“.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.