ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/25/20 9:57 AM

Белградските директори на училишта тужени затоа што барале носење маски, а само го спроведувале законот

Против 300 директори на основните и средните училишта во српскиот главен град Белград е поднесена кривична пријава поради тоа што ги условувале децата и наставниците да носат маски.

Според српските медиуми, до 300 директори стигнала кривична пријава од Синдикатот на вработените во полицијата.

„Во шок сум. Да правите нешто според законот, и апсолутно применувајќи ги ги сите предвидени мерки, да направите се’ за да ги заштитите животите на учениците и на вработените и потоа да добиете кривична прија“, изјави директорот на земунската гимназија Милош Бјелановиќ за РТС.

Изјави досега дале повеќемина директори.Тие побарале прием кај ресорниот министер поради настанатата ситуација и тој бил прифатен.

Од Обвинителството рекле дека мора да го проучат предметот пред да се произнесат.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1