Откриени митолошки маски стари 2.200 години при ископувања во антички театар во Турција
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/25/20 8:32 AM

Откриени митолошки маски стари 2.200 години при ископувања во антички театар во Турција

Во ископувањата извршени во античкиот град Стратоникеја, стар 3.000 години, што се наоѓа на привремената листа на светско наследство на УНЕСКО, во областа Јатаган, во турската област Мугла откриени се уште десет маски, за кои се проценува дека се стари 2.200 години, пишува агенцијата Анадолија (АА).

Научниците предводени од проф. д-р Билал Согут, од Универзитетот „Памуккале“, веќе 12 месеци работо на своите истражувања во античкиот град Стратоникеја.

За време на овие ископувања во античкиот град, каде што се наоѓаат артефакти што припаѓаат на хеленистичкиот, римскиот, византискиот, османлискиот и периодот од основањето на републиката, откриени се 2.200 митолошки маски во областа каде што се наоѓа сценската зграда на Античкиот театар.

Исто така завршија и активностите за чистење и поправка на 33 митолошки маски коишто беа откриени од тимовите за ископување во последните две години. Со откривањето на уште 10 маски, вкупниот број на откриени маски се зголеми на 43.

Раководителот на истражувањата во Стратоникеја и Лагина, проф. д-р Билал Согут, во изјавата за АА рече дека градот стар 3.000 години, што се наоѓа на привремената листа на светско наследство на УНЕСКО, носи траги од сите периоди на историјата.

Наведувајќи дека работат на многу објекти од античко време, Согут рече: „Со поддршката што ја добиваме веќе две години работиме во Античкиот театар. Вршевме археолошки истражувања и реставраторски работи во античките градови Стратоникеја и Лагина.“

Потсетувајќи дека во Античкиот театар се пронајдени маски што датираат од пред 2.200 години, Согут рече дека истражувањата продолжуваат во областа каде што се наоѓа сценската зграда во Античкиот театар.

„Откривме 33 маски во ископувањата што ги правевме тука претходните години. Денес од под земја беа ископани уште 10 маски. Ќе ги пронајдеме сите маски во Театарот и ќе ги вратиме во оригиналниот изглед. Ова е за нас многу добра вест“, додаде професор Билал Согут.

Посочувајќи дека откриените маски ја опколувале сценската зграда, Согут нагласи: „Луѓето што доаѓаа тука, пред да влезат во Театарот, беа импресионирани од величественоста на Театарот. Ние сега го откриваме богатството, раскошот, вредноста што тие ја давале на културата, уметноста и архитектурата.“

Согут додаде дека на маските од претставите што се прикажувале во тоа време биле опишани богови, божици и животински фигури.

Објаснувајќи дека блоковите каде што биле сместени маските се исчистени во градот, Согут рече дека откако ќе завршат работите, и новите маски што ќе бидат пронајдени ќе бидат изложени за посетителите што сакаат да ги видат.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7