ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/11/18 10:24 AM

Косово: Над 90 полицајци пред суспензија, покрај платата користеле инвалидски пензии

Речиси сто припадници на косовската полиција се очекува наскоро да бидат суспендирани, бидејќи долги години, додека ја вршеле службата, истовремено незаконски користеле и средства од фондот за борците на поранешаната Ослободителна војска на Косово (ОВК) – јави дописникот на МИА од Приштина.

Весникот „Коха Диторе“ во денешното издание пишува дека косовскиот полициски инспекторат испратил допис до генералниот директор на полицијата, со препорака да суспендира од работа 94 полицајци со разни чинови, кои години наназад работат истовремено користејќи инвалидска или здравствена пензија.

Меѓу нив, како што дознава весникот, има и полициски старешини кои вршеле истраги или работеле во оператива, а кои користеле инвалидски или пензии за лица со ментални проблеми како последица од војната.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1