ММС

Објавено на: 11/24/20 3:07 PM

„Засекогаш во моето срце“ – Амадеус бенд се простуваат од нивниот пријател и соработник

Тапанарот од групата Амадеус, Бојан Златановиќ Токан денеска почина како последица на корона вирусот на 45 годишна возраст.

Најожалостени се неговите членови од бендот кои останаа без нивниот голем пријател и долгогодишен соработник, а помеѓу бројните проштални пораки е и пораката на фронтменот на групата Бојан Тасиќ, познат како Џаја.

„Засекогаш ќе бидеш во моето сеќавање…Почивај во мир“, напишал пејачот од Амадеус бенд.

„Да бидат искрен, се уште сум во шок. Тоа е точно дека се случи, утрово во 9 и 20 не напушти. Знаете што, тој беше во тешка состојба веќе некое време. Беше во клиничкиот центар „Др Драгиша Мишовиќ“. Морам да се заблагодарам на лекарите, техничарите, сестрите. На се луѓе кои му се најдоа, навистина дадоа се од себе и повеќе од тоа. Секоја можна терапија ја прими, меѓутоа не успеа да се спаси. Болеста зема замаф, почина од корона. Но на здравствените работници им даваме благодарност до небо“, изјавил Џаја за српски Курир.

Бојан Златановиќ Токан десет дена бил на респиратор и се борел за живот. За жал, битката не ја добил и подлегнал на последиците од болеста.

Роден е на 20.10.2975 година во Лесковац. Свирел тапани и пеел, бил задолжен за највисоките тонови во бендот. Имал завршено средно вишо музичко училиште, три години во Ниш и една во Лесковац, каде и дипломирал.

Како тапанар во бендот Амадеус бил до 1997 година кога и се основал овој бенд.

Преземено од: https://mondo.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.