ММС

Објавено на: 11/24/20 1:35 PM

Која е „Жолтата куќа“, каде македонскиот заменикот премиер Артан Груби „само преведувал“?

Најнапред албанските медиуми напишаа, а синоќа во телевизиско интервју новинарските наводи ги потврди лидерот на ДУИ Али Ахмети, дека актуелниот заменик премир во македонската влада и десна рака на Ахмети, Артан Груби, бил преведувач во злогласната „Жолта куќа“, каде наводно се вршеле операциите за нелегално пресадување на органи од затвореници на ОВК.

Ахмети рече дека Груби таму бил само преведувач, „ и ништо повеќе од тоа“. При тоа, објасни дека Груби со години работел како преведувач во седиштето на НАТО во Скопје и во Холандската амбасада во Скопје, а претходно бил преведувач и во Хашкиот трибунал.

Скандалот со трговијата со органи на црниот пазар попознат како „Жолта куќа“ беше откриен во 2008 година, кога турски државјанин беше задржан на приштинскиот аеродром, откако имал видливi болки предизвикани од отстранување на бубрег. „Жолта куќа“ е симболичен назив за зградата во село во близина на Бурел во северна Албанија, каде се правеле нелагалните операции со човечки. Мал дел на припадници на ОВК биле вмешани во бизнисот со носење на српски затвореници, од кои биле вадени органи.  Агенцијата Reuters наведува дека во одвоен случај вниманието на обвинението поврзано со трговијата со органи се зголеми откако специјалниот известител на Советот на Европа, Швајцарецот Дик Марти, кој во 2010 година обвини дека борците на ОВК ги земале органите на заробениците, во прво ред на Србите во текот на војната во 1998 и 1999 година. Специјалниот суд кој е формиран според косовските закони но со меѓународни обвинители и судии, треба, исто така, да се занимава со обвинувањата на Марти, но засега нема официјално обвинение за ниедно лице

„Газета експрес“ пишува дека три паралелни истраги од страна на меѓународните инспектори за воени злосторства на Србија, Европската унија и Советот на Европа не успеаја да откријат било каков доказ дека Ослободителната војска на Косово тргувала со човечки органи.

За случајот на „Жолта куќа“  пишуваше и поранешната обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте во нејзината книга „Јас и воените злосторници“.

Случајот го откри американскиот новинар, Мајкл Монтгомери, кој пишуваше за неговата истрага за воените злосторства на српските војници извршени во 1999 година, која го довела до откривање на наводите за шверц на органи на затвореници, кои беа киднапирани од страна на Ослободителната војска на Косово, ОВК.

Како дописник на лондонски „Дејли телеграф“ за Балканот, Монтгомери ги покриваше судирите во Косово, Босна и Херцеговина и во Хрватска, а потоа по војната, во јули 1999 година, се врати во Косово, како копрудуцент на радио документарниот филм, „Масакрот во Ќушка“, кој ги документира убиствата на селаните, косовски Албанци, од страна на српските сили.

„Тогаш слушнавме дека постојат луѓе, Срби, Роми, дел и косовски Албанци, убиени од страна на Ослободителната војска на Косово. Тие едноставно исчезнале и тоа беше многу чудно и почнавме да се интересираме за тоа“,изјави Монтгомери на конференцијата во Белград, која ја организираше американскиот магазин „Њусвик“.

Според Монтгомери, тој и неговиот тим немале доволна поткрепа за да ја објават приказната, но тие упатиле допис до Мисијата на ООН во Косово, УНМИК, која беше административна власт во Косово, по завршувањето на војната во јуни 1999 година.

„Имавме повеќе извори, но не беше сè подредено. Имавме луѓе кои слушнале дека постојат луѓе кои биле киднапирани поради нивните бубрези. Имаше неколку куќи, кои бевме во можност да ги лоцираме, во кои, наводно, овие работи се случувале, но одлучивме дека немаме доволно информации за да го објавиме ова и дека, во тоа време, нашите докази не ги поддржуваат тврдењата“, рече тој.

Дописот што тие го испратиле до УНМИК, бил пратен во Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија на ООН, кој тогаш ги истражувал злосторствата извршени во војната во Косово.

Во 2004 година, Монтгомери го придружувал заедничкиот тим на истражители на МКТЈ и на УНМИК, при нивната посета на една фарма во близина на албанскиот град Бурел.

Се претпоставувало дека борци на ОВК воделе српски затвореници на овој имот, сега познат како „Жолта куќа“, каде што ги отстранувале нивните органи заради продажба.

Тимот открил медицинска опрема, вклучувајќи шприцеви, интравенски инфузии и седативи во Жолтата куќа. Сепак, овие докази подоцна биле уништени од МКТЈ, откако истрагата била отфрлена, бидејќи немало доволно докази да се подигнат обвиненија.

Првичната истрага на Монтгомери, била објавена кога поранешниот обвинител на МКТЈ, Карла дел Понте, го објави неговиот оригинален допис, во своите мемоари во 2009 година.

„Ние не бевме именувани, но пишуваше дека информацијата е добиена од сигурни новинари. Карла дел Понте беше многу фрустрирана што МКТЈ не успеа да ги процесира лидерите на ОВК и имаше голем број на заплашување на сведоците. Мислам дека таа ја стави информацијата во книгата, бидејќи сакаше да иницира истрага, и тоа го направи“, објасни Монтгомери.

Откако Карла Дел Понте ја објави својата книга, Советот на Европа формира тим на чело со известувачот Дик Марти, кој во 2011 година објави извештај, во кој се вели дека доказите посочуваат дека групи, вклучувајќи и високи герилци на ОВК, биле дел од мрежата за отстранување и трговија со органи, кои оперирале од вила во градот Фуше Круја, Албанија, која бил дел од утврдена мрежа.

Во извештајот се наведува дека таму биле убиени некои етнички Срби и Албанци, по што нивните бубрези биле отстранети. Извештајот наведува детали и за други наводни кршења на човековите права од страна на елементи поврзани на ОВК, како и „поврзаност“ меѓу елементи на ОВК и организираниот криминал.

По извештајот, ЕУ формира работна група која спроведе трогодишна истрага за обвинувањата и состави свој извештај во кој се вели дека има докази за судско гонење на неименувани високи претставници на Ослободителната војска на Косово, за злосторства против човештвото, вклучувајќи и киднапирања и убиства, извршени по конфликтот во 1999 година.

Во него се истакнува дека има „силни“ индикации дека борци на ОВК биле вмешани во трговија со органи, иако само во многу ограничен обем, и со мал број на поединци.

„Биле убиени мал број на лица, заради отстранување и трговија со нивните органи“, се вели во извештајот на работната група.

Овие наоди обезбедија основа за обвиненија на новиот суд за воени злосторства. Новите „специјализирани совети“, како што дипломатски се опишани во законот усвоен од косовските пратеници минатиот месец, се очекува да почнат со работа и да ги преземат своите први случаи, во првата половина на следната година.

Тие треба да им судат на поранешни борци на ОВК, за нивна наводна вмешаност во убиства, киднапирања, нелегални апсења и прогон на Срби, Роми и косовски Албанци, за кои верувале дека се соработници на српскиот режим или политички противници на раководството на ОВК.

 

Балканинсад, агенции

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.