ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/11/18 9:59 AM

Се’ за храна: 4 начини за природен пилинг на лице во домашни услови

Природните препарати се ефикасни, евтини и лесно достапни, а резултатите се видливи веднаш и може уште по првиот третман да се забележи освежување на уморната кожа. Погледнете кои 4 начини за природен пилинг на лице во домашни услови ги издвоивме како вредни да ги пробате!

Пилингот е неопходен за нежна и блескава кожа, затоа што со отстранувањето на мртвите клетки им помага на новите клетки побрзо да стигнат до површината. А, дали знаете дека нема потреба да трошите многу пари и да купувате скапи козметички средства наменети за пилинг на кожата? Да започнеме.

Домашен пилинг против црнки на лице

Се соочувате со црнки и чувствувате дека тоа ви прави притисок терајќи ве да се запрашате како да се ослободите од нив? Преземете чекор, започнете и редовно одржувајте го лицето со домашна нега. Пробајте го овој ефективен пилинг со сода и сол кои ќе го исчистат вашето лице, а павлаката/јогуртот и овесот ќе го нахранат и ќе овозможат кожата да биде чиста, мазна и нежна. Состојките ги имате секојдневно во кујната, а трикот и умешноста како да ги искористите, може да ги прочитате на овој линк.

Природен домашен пилинг против акни и мозолчиња

Мазна кожа без нечистотии и мозолчиња е нешто што е желба на секој од нас. Митесерите се најчеста мака кога станува збор за кожата на лицето. Во оваа прилика ќе споделиме со вас како да направите природен и домашен пилинг против акни и мозолчиња.

Природен пилинг за лице од шеќер и мед

Редовната нега за миење на лицето, нанесување на крем, помага да се задржи свежината и сјајот на кожата. Но, покрај тоа еднаш неделно се препорачува да правите пилинг за лице, кој има улога за отстранување на мртвите клетки на кожата. За овој пилинг, доволни ви се малку мед и шеќер, па домашниот третман може да започне. Медот долго време се користи против стареење на кожата, природно ја навлажнува кожата и ја одржува нејзината свежина. Прочитајте овде како да го направите самите дома.

Домашен пилинг за усни од кафе и тиква

Усните се многу чувствителна област, па им е потребна постојана нега за да изгледаат убаво и негувано. Овој домашен пилинг е многу лесен за подготовка и е направен од состојки кои сите ги имаме во кујната. Па, не постои место за паника и ако дојде во контакт со усната празнина додека го правите пилингот. Еве како да го направите.

 

Преземено од:sezahrana.mk

.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1