ММС

Објавено на: 11/23/20 8:43 PM

Ибра го сруши Наполи па „распали“ по „ЕА Sports“: Koj ви даде право да го користите моето име и лице?

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, вчера во дербито на Италија со два погодоци го „сруши“ ривалот Наполи и го остави Милан на првата позиција на табелата во Сериа А. Швеѓанецот со два погодоци во мрежата на Мерет го матираше Џенаро Гатузо и ја продолжи одличната сезона на заспаниот фудбалски гигант.

Денес некогашниот играч на Интер, Јувентус, Барселона и Ајакс, јавно на социјалните мрежи „распали“ по „EA Sports“, произведувачот на популарната видеоигра „Фифа“. Ибра не е среќен со тоа што се појавува во играта без негова дозвола и најави дека таквата постапка ќе биде под истрага.

-Кој им даде дозвола на „ЕА Sports“ и „FIFA“ да се користи моето име и лице? Не сум свесен дека сум член на „ФИФпро“ и доколку сум, тогаш со некој чуден маневар сум ставен во играта, а да немам поим. Сигурно немам дадено никаква дозвола на „FIFAcom“ или „ФИФпро“ да заработат пари користејќи ме. Некој заработува на моето име и лице без никаков договор сите овие години. Време е за истрага, напиша Ибрахимовиќ.

Шведскиот интернационалец со босански корени во моментов е најдобриот стрелец во Калчото со постигнати 10 голови.

 

Фото:

en.as.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1