Во Штипскиот ковид- центар во моментов 24 пациенти се наоѓаат во тешка состојба, но засега не е вклучен ниту еден реапиратор, информираат од штипската Клиничка болница. На Инфективното и кожното одделение во моментов се лекуваат 56 пациенти, а починати се двајца пациенти, на 70 и на 72 годишна возраст, од Берово и Радовиш.
Според директорот на штипската Клиничка болница , Ален Ѓеорѓијев се работи и на план за проширување на капацитетите, со ставање во функција и на интензивната кардиолошка соба, каде што ќе можат да се хоспитализираат пациенти во потешка состојба.
„Имаме соработка со новите ковид-центри и Клиниката во Скопје за препраќање на пациенти во критична состојба, но и тоа зависи дали има слободни места“, информира Ѓеорѓијев.
Тој немаше информација дали припадници на АРМ ќе го обезбедуваат Ковид-центарот во болницата.
Ѓеорѓијев уште еднаш упати апел, да се почитува трудот на здраствените работници.
„Помагаме на многу луѓе, тука сме за пациентите и барам да престанат овие препукувања и напади и секој оној кој мисли дека некаде е погрешено има соодветни институции . Ситуацијата е тешка.“, доде Ѓероѓијев.