ММС

Објавено на: 11/23/20 10:10 AM

Британската влада ги менува правилата за самоизолација

Британската влада во понеделник ќе објави дека самоизолацијата повеќе нема да биде потребна за луѓето кои стапиле во контакт со оние кои биле позитивни на ковид-19, пренесува Телеграф.

Контактите на позитивно тестирани лица ќе треба да се тестираат со дневни-брзи  тестови седум дена, а во меѓувреме ќе им биде дозволено да си ја вршат работата.

Министрите веројатно треба да одлучат дека постојниот систем, според кој луѓето треба да останат дома 14 дена, ќе биде укинат во јануари, ако пилот-програмите се покажат успешни, се вели во весникот.

Велика Британија е седма најпогодена земја во светот според бројот на заразени со коронавирус, од кои има над 1,5 милиони, но и петта според бројот на смртни случаи каде има најмногу смртни случаи во Европа (55.120).

Početna


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.