ММС

Објавено на: 11/23/20 9:53 AM

Кина повторно се „затвора“: Наредено масовно тестирање, се воведуваат ригорозни мерки

И покрај тоа што нема ништо посебно драматично, откако се откриeни повеќе локални трансмисии на ковид-инфекции во три кинески града, властите во Пекинг почнаа со масовни тестирањња на повеќе милиони луѓе, воведоа ново „заклулување“ и наредија затворање на школи, како превентива од она што им се случуваше пред половина година

Со оглед на тоа што многу експерти предупредија дека постуденото врме е погодно за ширење на коронавирусот, воведени се мерки од широки размери во градовите Тијанџин, Шангај и Манзули, иако бројот на новооткриени случаи во Кина е минорен во споредба со САД и европските земји што се најдоа на удар на новиот епидемиолошки бран.

Во извештајот на АП се наведува дека Националната здравствена комисија соопштила дека во последните 24 часа се откриени два нови случаја во Шангај, а вкупно седум од петокот.

Откако во Тијанџин, пак, беа откриени петмина новозаразени, здравствените работници тестираа повеќе од 2,2 милиона луѓе само во округот Бинхаи. И во Манзуи, град со 200.000 жители, откриени се два нови случаја, па властите наредија тестирање на сите жители.

И покрај критиките од светот дека кинеските власти спроведуваат драконски мерки, главниот кинески епидемиолог Занг Гуанг изјави дека само Кина била способна да го неутрализира вирусот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.