Истражувањето покажа дека вакцината против коронавирус што ја разви Универзитетот Оксворд има ефикасност од 70 отсто.Тоа е, како што пишува ББС, а пренесуваат балкнски медиуми, е и триумф и разочарување, откако американските вакцини Фајзер и Модерна покажаа ефикасност од 95 отсто.
Сепак, се истакнува дека Оксвордската вакцина е многу поевтина и полесна за складирање, со што би можела да стигне до многу поширока популација, па, ако биде одобрена, ќе има значајна улога во борбата со пандемијата.
Во истражувањето учествувале 20.000 доброволци, половината во Велика Британија, а половината во Бразил.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.