ММС

Ќе има нова пандемија – Бил Гејтс со шок прогноза

Основачот на Мајкрософт Бил Гејтс предвидува нова пандемија на планетата.

Милијардерот сними подкаст на gatesnotes.com во кој разговараше со актерот Рашид Џонс и главниот инфектолог во САД, Ентони Фаучи, за пандемијата на вирусот и промените што ќе донесе ковид- 19.

За време на разговорот, Џонс го праша Гејтс дали човештвото ќе биде поразено од нова пандемија.

– Да. Ќе имаме среќа, ако тоа се случи за дваесет години – рече Гејтс.

Тој исто така потенцираше дека постои сценарио според кое може да се појави за три години.

Сепак, како што нагласи основачот на „Мајкрософт“, следниот пат човештвото ќе биде подготвено за пандемија. Според него, дотогаш ќе се појават алгоритми, во согласност со кој ќе се воведе карантин, а системите за тестирање на потенцијалните носители на инфекцијата ќе се подобрат.

„Нема да бидеме толку глупави следниот пат“, заклучи тој.

Извор: srbijadanas.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.