ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/22/20 11:00 PM

Како да го контролираме бесот за време на корона?!

Бесот е составен дел од нашиот живот и можеби сега е време да се запрашаме од што не штити, дали од страв, понижување, очај или од некој губиток. Сите овие се чувства кои ги прикриваме во себе и ги истиснуване на различни начини. Меѓутоа се чини дека во последниве месеци бесот стана автоматска реакција на сите приватни и секојдневни случувања во текот на пандемијата со ковид 19. Огромни се причините за голема нервоза и напнатост секој ден, многу работи ни се ограничени за кои пред вирусот не сме ни помислувале дека може да ни бидат ограничени. Доколку овој воведен дел ве заинтересира, за подобро да се запознаете себе си и другите и да си го лесните секојдневието, внимателно читајте го текстот подолу.

Сите ние имаме свој праг на толеранција и точка на вриење што не е ни чудно изливот на бес може да биде пренагласен иако стимулот не е доволно силен. Постојат различни типови на луѓе, од оние кои се ранливи кога нешто би им ограничиле до такви кои неможат да го скријат бесот при неправди, непочитување на правила, кои брзо се разбеснуваат при провокации. Сепак битно е да се знае дека бесот негативно влијае на умот и телото и ги загрозува виталните параметри во организмот поради што често доаѓа до разни инфекции и опаѓање на имунитетот.

Дали бесот може да се контролира?

Бесот е непосакуван во моменти кога може да наштети на самата личност и на луѓето во нејзината близина. Тука пред се се мисли на отворена агресија кон предмети, на партнерските, роднинските и пријателските односи, трети особи или на самиот себе. Станува збор за емоција која е присутна во сите култури, кои не се изразуваат насекаде на ист начин, а понекогаш е потисната затоа што е несоодветна во даден контекст. Сепак таа секогаш повикува на акција, а не на бегство од реалноста. Интересно е што бесот и повишениот тон повеќе се користат во блиските односи, кон партнерот или родителот, ама не толку често и кон работодавачот. Има случаи кога нервозата е преголема па вакви нападни на бес се случуваат и во работното место и во тие ситуации нема назад, кога се приметува отсуство на рационално однесување.

Бесот е одраз на нашето доживување на одредена ситуација, и кога доаѓа до таква состојба рационалното во нас неможе да го спречи, затоа и се вели дека бесот и разуот не одат рака под рака. Затоа е многу битно да се обидеме да препознаеме во нас кои потреби ни се задоволени а кои скратени. Бесот со себе носи големи последици, така што другата засегната страна може да не ви прости за навредата. Еднаш нарушен однос и взаемно почитување многу тешко се враќаат назад затоа е важно да се работи на превенција од вакви односи. За почеток треба да се обрне внимание на своите чувства на дневна основа како не би дошло до негативни експлозивни реакции. Затоа е најдобро да кажеме што ни смета во одредена ситуација и да не го прикривме тоа во нас. При вакви ситуации се препорачуваат медитации, техники на дишење, и разговарање со личноста, но продуктивни разговори кои нема да предизвикаат конфлик.

Преземено од:https://citymagazine.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1