ММС

100 дополнителни кревети за ковид пациенти и кадар ќе обезбедат приватните болници до крајот на неделата

Трите приватни клиники во Скопје ќе обезбедат дополнителни 100 болнички кревети како помош за ковид пациенти, ова беше одлучено на вечерашниот состанок со тројцата сопственици на приватните клиники во Скопје со министерот за здравство Венко Филипче.

По вечерашниот состанок на министерот за здравство Венко Филипче, со сопствениците на трите приватни клинки во Скопје „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ремедика“, било договорено како нов ковид центар да биде поранешната болница „Мала Богородица“, поранешна „Систина“ каде може да се сместат околу 100 пациенти, изјави вечерва министерот за здравство Филипче.

„Целосно ќе бидат опремени од страна на приватните болници со нивни заеднички договор од таму ќе биде обезбеден кадар и материјали за работа и за тоа соодветен надоместок согласно постојаните закони ќе плаќа државата. Обезбеден е дополнителен капацитет на 100 кревети кој ќе биде на располагање до крајот на неделата, дотогаш и во државните болници има сосема доволен број на слободни кревети , ние утрово имавме и координација со диркеторите на сите Клиники тука во Скопје, ГОБ 8 ми Септември, на линија сме и со диркеторите на болниците во државата, клинички и општи. Оваа недела има доволен број на слободни кревети, овој дополнителен капацитет е за периодот кој што доаѓа“, рече Филипче.

Додаде дека целосно ќе се опреми болницата, потребна е инсталација на кислород што ќе биде готово за неколку денови, треба да се донесе опремата што физички не е таму. Секој ќе партиципира согласно можностите, големината, капацитетите, рече Филипче. Тој број на кревети 100 на за следниот период кој доаѓа и кој што ќе биде сосем доволен за да се изменаџира кризата, вели министерот.

Според проценките до крајот на оваа недела тој болнички капацитет ќе биде целосно подготвен да почне со работа.

Граѓаните кои ќе се лечат во овие дополнителни приватни капацитете нема да сносат дополнителни трошоци информираше Филипче сето тоа ќе биде на трошок на државата.

Кадарот кој што ќе работи во овој дополнителен приватен капацитете од 100 легла ќе работи кадар од приватните болници од нивните тимови.

Г.Д

 

 

 

 

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.