ММС

(ВИДЕО) Жешкиот бакнеж на Дуа Липа и Мајли Сарус во видео записот „Prisoner“

Двете популарни пејачки, Американката Мајли Сајрус и Британката Дуа Липа, ја снимија својата прва заедничка песна со наслов „Prisoner“. Станува збор за заразна поп-песна со допир на диско звук, што неодоливо потсетува на хитовите на осумдесеттите години.

Спотот за песната е многу провокативен, што веќе се очекува кога е во прашање Мајли Сајрус. Таа и Дуа Липа се претставени во него како рок-sвезди кои возат до нивната следна концертна дестинација. Прво тие се зад воланот, а потоа одат на задниот дел од возилото, каде што се тркалаат на подот, истураат сок од цреша и со допираат. На крајот, тие завршуваат на клупската сцена, каде што ја изведуваат песната за своите фанови.

„Prisoner“ е втор сингл од албумот на Мајли Сајрус, „Plastic Hearts“ кој ќе излезе на 27 ноември.

Преземено од: https://citymagazine.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.