ММС

Подгответе ги ѕиврите за утре: Наутро -8, во текот на денот до 15 степени

Времето утре наутро ќе биде студено, по одделни котлини со појава на магла, а во текот на денот сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од -8 до 3, а максималната од 9 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 11 степени.

Следните денови ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.