ММС

Кина пред нов предизвик: Подготвува голем чекор за човештвото

Кина планира мисија без екипаж на Месечината со задача да донесе примероци од лунарна почва на Земјата, што би била прва таква мисија од 1970 година.

Кинески дрон по име Чанг е-5, именуван по античката кинеска божица на Месечината, треба да собира примероци од почва за да им помогне на научниците да добијат поцелосен увид во потеклото и составот на Месечината и да потврдат дека Кина е способна далечински да собира примероци и со што се стекнува искуство за идни, посложени вселенски мисии.

Извештајот на Си-Ен-Ен потсетува дека Кина, по успешната мисија, ќе стане само трета земја, по Соединетите држави и Советскиот сојуз, која успешно собира примероци на почва од Земјиниот сателит.

Преземено од: https://www.espreso.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.