ММС

Руската вакцина ќе биде поефтина од вакцините на Фрајзер и Модерна

Набргу откако ја добивме веста за цената на вакцината на Модерна против корона вирусот, на Твитер профилот на „Спутник V“ беше објавено дека цената на руската вакцина ќе биде значително пониска од цената на вакцините на компаниите Фајзер и Модерна.

Како што е наведено, најавените цени од 19,5 долари за доза вакцина Фајзер и од 25 до 37 долари по доза на вакцина Модерна всушност значат цени од 39 и 50 до 74 долари по лице, бидејќи на едно лице му се потребни две дози вакцина Фајзер, Спутник V  и Модерна.

 

Вакцината „Спутник V“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство и стана првата регистрирана вакцина против вирусот корона во светот.

Преземено од: https://nova.rs/

 

 

 

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.