ММС

Објавено на: 11/22/20 11:10 AM

САД итно го одобрила лекот регенерон за лекување на ковид

Здравствените власти на САД дозволија итна употреба на терапија со антитела за да му се помогне на имунитетот во борбата против ковид 19, експериментален лек што се користеше за лекување на претседателот Доналд Трамп минатиот месец кога беше заразен со коронавирус.

Администрацијата за храна и лекови (ФДА) ја одобри употребата на „Регенерон фармацевтикалс“ за третман на пациенти со лесни до умерени симптоми за да се спречи развојот на болеста и хоспитализацијата.

Лекот се дава како единечен третман интравенски. ФДА дозволи употреба кај возрасни и деца постари од 12 години кои тежат најмалку 40 килограми и кај пациенти со висок ризик.

Првичните дози од регенерон ќе бидат достапни за околу 300.000 пациенти преку програмата за дистрибуција на сојузната влада.

Пациентите нема да плаќаат за лекот, но можеби ќе треба да ги понесат трошоците за интравенска терапија.

Преземено од: https://nova.rs/

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.