ММС

(ВИДЕО) Канзуров: Делчев е Бугарин и Македонец

„Нема никакво каење во Бугарија, но морам да потенцирам дека таа тема, македонската тема воопшто не присуствува  како главна во бугарскиот медиумски простор за разлика од Македонија. До пред некој месец таа тема речиси и да ја немаше во јавниот дискурс, но во целина нема некое вжештување”, изјави новинарот Виктор Канзуров во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.
Тој истакна дека многу добро се коментирал успехот на Фудбалската Репрезентација на Македонија,  сите се израдуваа на тој успех.

„Дури и поради кризата во која е бугарскиот фудбал, на последната прес конференција во Софија, селекторот на бугарската репрезентација Дерменџиев, малку на шега го прашаа новинарите како го коментира тоа што се случува со бугарскиот фудбал, визави успехот на македонските репрезентативци, тој им одговори „знаете ли каде тие играат, демек во какви квалитетени европски клубови” истото го кажа по последниот неуспех на бугарската репрезенатција и Јордан Лечков, славениот бугарски фудбалски репрезентативец, кој на новинарите им рече дека треба да се земе пример од Македонија за фудбалот”, изјави Канзуров.

Но како што истакна за она што во моментов се случува на политичката сцена помеѓу Македонија и Бугарија, Канзуров вели луѓето се вчудоневидени, политичарите и новинарите од таа невидена омраза, невидена бугарофобија која владее во Македонија и за жал наместо од опозиционото ВМРО ДПМНЕ во голем степен се поттикнува и од власта.

„Штом, власта во Македонија и целиот медиуски простор тврди дека Бугарија го негирала македонскиот идентитет, современата македонска нација и македонски јазик, тоа е преддворје на омразата со тоа се отвора духот на шишето со омразата. Тоа твредење дека Бугарија ги негира тие современи реалности, тоа е како што
учевме според марксизмот, социјализмот, затоа што Бугарија тоа не го негира и илјада милијарди пати го повторила. Бугарија само инсистира да се почитуваат историските факти, особено тие кои се однесуваат на 19 от и почетокот на 20 от век. Тие преродбеници, ревоуционери од внатрешно одринско македонска револуционерна организација, четници, комити други значајни историски личности од тој период кои потекнуваат од сите делови на Македонија, од цела географска Макеоднија и не двосмислено се изјасниле како бугари по народност, како такви Република Северна Македонија да ги признае и да ги прифати, како помек начин на тој премин кон создавање на македонски идентитет во 20 от век да го претстави прво во образовниот систем за новите генерации за да не учат историски расказ кој се конфронтира со соседните народи и држави, посебно со бугарскиот народ”, изјави Канзуров.

Втората работа, вели тој е дека вистина веќе треба да му се каже на народот, Гоце Делчев е бугарин и се разбира и македонец, како што и јас сум македонец и бугарин.„Македонец сум, македонски патриот, ја сакам Македонија, сакам Македонија да е одделна држава, одделна политичка единица, но по народност сум бугарин. И треба да се направи некој модалитет, луѓето што се чувстуваат македонци и тие малкумина кои што се чувстуваат бугари да живеат во една хармонија меѓусебе во Македонија. Со тоа што на нас ни се оневозможува денешното живеење да биде еден континуитет на тоа што биле Гоце Делчев, Пере Тошев, Даме Груев другите револуционери,преродбениците, Кузман Шапкарев, Глигор Прличев биле бугари, со тоа се создава една конфликтност во општеството, се оневозможува на еден етникум во Македонија да живее нормален живот, а парадоксот е што во химната на Република Северна Македонија во нејзиниот историски расказ,
темел се токму тие историски линости со бугарски идентитет. Сиве овие години тие што ме познаваат, мојата мисија во бугарските медиуми  и во бугарскиот јавен простор е да објаснам дека во Македонија се формирала нова народност, свој идентитет, кој си има свој кодифициран литературен јазик се обидувам да ги поврзам двете страни, мислам дека во голем дел имам успех во тоа”, изјави Канзуров.

Тој смета дека бугарската страна малку греши е што многу грубо ја поставува таа граница за 1944 година како „пред” и „потоа”, но тука во рамките на преговори може да се најде еден заеднички јазик, но јас се плашам бидејќи се зависи од таа заедничка комисија за историски, образовни прашања, се плашам дека поради изборот на кадрите од македонска страна делумно не сите до тоа е невозможно да се дојде и сето тоа доведе до создавање на една недоверба кај бугарската политичка класа, власт и опозиција, дојде до една недоверба дека Македонија понатаму продолжува да го негува тој конфликтен историски расказ.

Притоа заклучува дека во нашата земја друга тема нема, освен малку Ковид пандемијата другата тема целосно е бугарофобијата, и вели не ги разбирам уредниците на некои провладини медиуми во Македонија, на пример како може да пуштаат на централно место изјави или фејсбук статуси на лицето Петар Богоевски кој е државен службеник и  сношти пушта објава каде некоја девојка разголена е на видео спот, бугарскиот спот е на бугарските музичари Криско и Марија Илиева и горе наведува „Ти си насекаде, колку се раздаваш, харесвам те Катерина, искамте ужасно”, Катерина алудира на министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, која го спомена дека шири омраза, како човек кој предлага репатријација на бугарите од Македонија. Колку тој да се
правдаше дека мислел на нешто дриго, репатријација е интернационализам на сите јазици, па така и на македонскиот јазик тоа е да се истераат бугарите од Македонија. И сега кога државни медиуми , а тие голем дел  работат под директиви на централата власт го пуштаат овој човек, со тоа го легитимираат за вака простачки објави да добиваат на тежина, да не се правиме наивни, овој статус е чиста омраза. Тој истиот Богоевски има бугарско државјанство, не пасош.

За изјавата на поранешниот министер за надворешни нарботи во Бугарија Калфин, Канзуров вели дека со него Бугарија покажува дека може да се слушне и друга страна, што тоа не е случај со Македонија.

„Јас колку што знам Калфин беше во политичката партија на поранешниот бугарски претседател Праванов. Тој како опозиционер си ја критикува власта, но гледате какава разлика има во бугарските медиуми слободно се пушта мислења на секакви луѓе, додека во македонските тоа е проблематично. Зборувам за провладите медиуми, таму е ужасно каква омраза има. Агим Јонуз кој до скоро беше на државна служба, исто така навредува на етничка основа, Самка Ибраимовски нели е член на владејачката коалиција како политичар, ги пцуе бугарите. Изјавите на Заев мислам дека се лицемерни да не се лажеме, затоа што во предизборната кампања, тој наведува вака „и сега тие, се патриоти, а ние не сме”, „оние кои го слават Тодор Александров се патриоти, а ние не сме, оние што го слават Блаже Консески се патриоти, ним во кодот им е да бидат криминалци во историјата со шверцот со опиумот до денес”. Сега ова кога го кажува во негативна смисла Тодор Александров ние сме недоветни, или деца мали сме не разбираме дека мисли на бугарскиот иднтитет?!

– Ова е говор наомраза од страна на премиерот, и тоа ако тој толку го чевстува Блаже Конески, со тоа треба да каже дека Зоран Заев ја негира македонската азбука. Блаже Конески предлагаше српско меко „ч” и „џ” да бидат преземени, да биде комплетно преземена српската азбука. Блаже Конески е вкук на Глигор Соколовиќ, поранешен член на ВМРО кој за пари преминал во српските чети и потоа имаше српски идентитет. Блаже Конески е човек кој до 1941 година беше со српски идентитет, немаше ниту македонски, ниту бугарски идентитет. Заев за што се залага за македонски или за српски идентитет ?!

За решението вели дека бугарската страна е многу поблиску таа некоја прифатлива средина и одреден број интелектуалци во Македонија. Се согласувам дека со линијата 44 година, и некои други зборови, пример терминот „корени” не ми се допаѓа многу затоа што подразбира некој есенцијализам, но за голите историски факти Бугарија е во право, ние веќе еднаш треба на македонскиот народ да му го кажеме тоа, таа вистина.

Проблемот и не е толку важно кој како се чувстувал во минатото или како се чувстува денес, но пропагандата во Македонската Југословенска Република беше Бугарија ни ја присвојува историјата,Македонија  живее во една капсула, нема врска ова со бугарските избори. Бугарскиот став и ставот на бугарскиот народ, на бугарите во Република Бугарија и во Република Северна Македониија и насекаде е тврд како железо, како челик. Идентитетот да се почитува на Гоце Делчев, тие умреле како бугари и за македонската кауза.

Јас лично за блиската иднина не сум оптимист, но би сакал да се смират работите и да се најде некој историски расказ кој ќе биде прифатлив на двете страни, да се наведе бугарската народност, но не како што кажува претседателот Пендаровски. Тој се декларирал бугарин, но не се чувстувал бугарин. Го омаловажува Гоце Делчев, го става на исто ниво со денешните кандидати за бугарско државјанство од Македонија, кои не се чувстуваат бугари.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.