ММС

Девојка пронајдена мртва во стан во Штип

Во текот на вчерашниот ден во СВР Штип било пријавено дека К.В. околу 07.00 часот во нејзиниот дом на ул.„Булевар ЈНА“ во Штип, ја пронашла својата ќерка С.В.(22) во бессознание. Од лекар на Итна медицинска помош е констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип. За настанот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата ќе биде дадено на обдукција.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.