ММС

Со љубов против сите зла- Пере од „Нокаут“ доби трета ќерка

Фронтменот нагрупата „Нокаут“, Никола Перевски- Пере денес по трет пат стана татко. Неговата сопруга Јована роди ќерка, која по желба на родителите ќе се вика Софиа.

-Среќен сум што ќе добијам уште една ќерка. Со Јована бевме заедно пет години. Па по четири години пауза минатата година повторно ја почнавме нашата љубовна приказна. Не би сакал да зборувам многу за приватноста, но сакам да се знае дека за кратко време  ќе изненадам и на приватен и на професионален план. Се крчкаат многу убави моменти“ рече Пере неодамна за ММС.

Затоа е веста за раѓањето на бебето не сподели Пере туку гордиот чичко, неговит брат Бојан.

-Мекици! Моите татко и мајка добија повторно внука! Мојот брат ја доби својата трета ќерка со својата љубов Јована! Моите внуки Михаела и Каја добија сестра! Моите деца добија братучетка! Јас пак по трет пат сум горд чичко! А светот? Светот ја доби Софиа Перевска! Со љубов против сите зла, напиша тој на Фејсбук.

Софиа е трета среќа за Пере. Тој од претходниот брак ги има ќерките Михаела (Миа) која има 21 година и Каја 13 години.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.