ММС

Сите умреа, само јас останав жива – Погребан актерот Иван Беќарев

Актерот Иван Беќарев беше погребан денес во Алејата на заслужените граѓани на Новите гробишта во Белград, а на неговото последно испраќање присуствувале  членовите на неговото семејство, колегите и пријатели.

Актерката Ева Рас присуствувала на погребот на колегата.

“Петар Краљ, Слободан Ѓуриќ, Јосиф Татиќ, сите се мртви, само јас останав жива. Се чувствувам многу трогнато, утре е годишнината од смртта на Рас. Не одам на погреби, но ако Беки одбрал да почине ден пред годишнината на Рас морав да дојдам “, изјавила Ева за курир.рс

Иван Беќарев почина на 16 ноември, на 74-годишна возраст, откако неговата состојба се влоши на Клиниката за инфективни болести, каде се лекуваше од вирусот корона.

Фото: kurir.rs/nova.rs/ telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.