ММС

(ВИДЕО) Иванов: Признавам и сексизам и жртва да бидам, но од оптимист станав песимист

„Ниту може Зоран Иванов да биде проблем, ниту некогаш сум бил проблем, камо среќа еве тој чин, моето разрешување да биде макар едно зрнце песок да ја помести таа тешка бетонска плоча што стои на патот на македонските интеграции во овие дебати со соседна Бугарија. Се надевам ако е тоа нека тргне работата, но не сум многу оптимист“, вели Зоран Иванов претседател и член на Надзорниот одбор во Македонската информативна агенција во гостувањето на емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, кој по статус објавен на Фејсбук за бугарското вето беше разрешен од страна на Владата од оваа позиција.

Иванов вели дека нема да добиеме датум за преговори во декември, иако тој бил еден од најголемите оптимисти.

„Овде колку почесто ги следам ситуациите во медиумите, поготово во последните месеци нема ниту пукнатина, ниту зрак надеж се уште барем јавно да попушти условно да го наречам тој, сега да не се навреди некој од политичкиот „живковизам“ кој се уште е овде цврст и постојано не навраќаат на историски теми за кои ние се уште не сме подготвени да дебатираме и тоа ќе ни биде ужасна пречка за отпочнување на преговорите во декември, и покрај тоа што има многу надежи од балкански и европски историчари и политичари и политиколози кои почнуваат потписи да собираат против бугарското вето, против историјата и итн“, вели Иванов.

Тој смета дека треба да запреме, и да не пуштат не само Бугарија туку и  било кој друг, ние имаме договор потпишано тој ќе се реализира етапно, вели Иванов и на тоа треба да си работат образовните, научните и историски институции на таа тема. Но мислам дека нема причина актуелната бугарска власт да не сопира во евроинтеграциите.

За статусот напишан по објавувањето на бугарското вето или „не“ за почеток на пристапни преговори во ЕУ, Иванов метафорично се обрати до широкиот аудиториум, што го чинеше разрешување од Надзорниот одбор во МИА.

„Тоа беа метафори, јас намерно испровоцирано, но сосема свесно го пуштив тој пост, но некои елементи не држат. За да има сексизам за што сум обвинет, треба да има кај субјектите субтилитет, јас вака од машка страна не го гледам. Но добро, ако е сексизам нека е сексизам. Мислам дека не е. Ги гледам реакциите и од македонската страна, но тоа е што е. Една работа ќе ви кажам мене ме зачудува и од таму мојот порив да го напишам тој пост. Таа страст и кај таа госпоѓа од 2008 година и кај сегашнава актуелна со која страст на тоа „не“ на Македонија се експонираат, со која радост. Тоа малку зачудува, можеби и на некој начин фрустрира,тоа е малку не сфатливо со која желба, со кој аплауз вели ве победивме“, вели Иванов.

Вели дека воопшто не е растревожен тоа што е разрешен, дури му е задоволство вели и знаев дека тоа ќе се случи, но не можев да премолчам нешто во овој историски миг за Македонија и не и е мене прв пат да бидам разрешен од некоја функција, главно поради некои мои повремени хирови, кога имам чувство дека зоврива македонската јавност.

Ќе ни оди тешко со Република Бугарија тешко сега затоа што менталниот склоп, ментално сме многу различни за жал и како општетство и како политички структури и во Македонија и во Бугарија, е ставот на Иванов.

Мојата реакција беше на страста, на желбата како некои особи во политиката уживаат буквално избива од нивните очи и глас таа страст некого во нешто да го запрат и нешто што би требало да биде позитивно и за една и за друга и за целата Европска Унија заедно. Не сум многу оптимист и покрај реакциите на САД, изјави Иванов во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.