ММС

(ВИДЕО) Поповски: Прифаќањето на бугарските барања ќе го дестабилизира целиот регион 

Бугарија трипати доживувала катастрофи поради Македонија и според поранешниот министер за правда и одбрана , професорот Владо Поповски барањата испорачани од страна на Бугарија со меморандумот се историски неодржливи и невиситнити и по нивната суштината се ризични за мирот и стабилноста на регионот.
Тие, вели Поповски, се повикуваат на ставови типични за времето кога Бугарија имаше претензија да стане најсилна најголема држава на Балканот преку освојување на Македонија и тој интерес предизвика три кастарофи за самиот бугарски народ и штети и катастрофи на целиот Балкан.
– Во однос на македонците бугарските историски извори имаат многу документи и податоци кои намерно ги забораваат и кон нив се однесувата како да не постојат. Борбата за разграничување на македонскиот јазик започнува кон половината на 19 век и тоа го пишува Петко Рачов Славејков, бугарски преродбеник и политичар. Тој пишува за македонскиот впрос и за посебни македонци, за нивниот јазик кој бил почист словенски, а бугарскиот бил со татаризми. Според Славејков тоа македонско движење има зафатено широк корен и прераснало во масовен процес.
Во училиштата во 1957 година во пиринска Македонија во свидетелствата на учениците пишува народност македонска, дрќавјанство бугарско – вели Поповски.
За заедничката историја Поповски додава дека ја имаме 120 години со бугарите, но и со србите 70 години и со сите други соседи, грците, албанците…
– Нема македонски политичар кој ќе прифати вакви барања и уцени. Ако ЕУ не притисне и се вклучи поактивно, тоа же доведе до дестабилизација не само на Македонија, туку на целиот регион и повторување на историски конфликти аспирации и војни – рече  професорот Поповски во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.