ММС

Уште еден здравствен работник во Кавадарци позитивен на Ковид-19, нови 43 случаи во Тиквешко

Уште еден здравствен работник од Кавадарци е позитивен на Ковид-19,  а нови 43 случаи со коронавирус се потврдени во Тиквешко. Ова за МИА го изјави докторот Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Едно лице е починато од Неготино, на возраст од 67 години. Во Кавадарци и Неготино има по 19 новозаболени, а во Демир Капија пет.

Тие се на возраст од 27 до 75 години.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.