ММС

Британски медиуми: Путин има две сериозни болести, итно бил и опериран

Владимир Путин има и рак и симптоми на Паркинсконова болсет, пишуваат британски медиуми повикувајќи се на извесни политички аналитичари, пренесува српски „Курир“.

На почетокот на овој месец рускиот научник и историчар Валериј Словеј тврдеше дека претседателот Путин е сериозно болен и оти поради тоа во февруари бил итно опериран. Освен тоа, кажа и дека наводно Путин ќе се повлече од власт следната година поради здравствени проблеми.

Други медиуми пренесуваат дека Путин бил опериран поради рак на желудникот. Пред некој ден се појаvи и снимка на која се гледаше како Путин за време на состанок имаше напад на кашлица.

Кремљ сите наведени тврдења ги демантираше, соопштувајќи дека Путин се чувствува многу добро.

Сепак, некои дури и шпекулираат кој би можел да го замени долгогодишниот руски лидер. Се споменуваат Димитриј Медведев и минситерoт за земјоделство Дмитриј Петрушев, па дурi и ќерката на Путин, Катерина Тихонова.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.