ММС

Кина експериментално вакцинираше еден милион луѓе

Речиси еден милион луѓе се вакцинирани со експериментална вакцина против Ковид-19 што ја разви кинеската компанија „Синопхарм“, соопшти фармацевстката фирма, иако уште не прикажала јасни клинички докази за нејзината ефикасност.

Кина со експерименталната вакцина вакцинирала луѓе меѓу кои државни службеници, меѓународни студенти…, јавува „Фена“, а пренесува сараевско „Ослобоџење“.

„Немаме примено ниту еден извештај за сериозни нуспојави, а само неколкумина луѓе имаа благи симптоми“, изјави Лиу Јингзхен, претставник на компанијата во државна сопственост, пренесува АФП.

Кина со нетрпение настојува да развие вакцина против коронавирусот, кој првпат се појави на нејзина територија. Четири вакцини сега се во доцни фази на тестирање. Тесетирањата се вршат главно во странство зашто Кина во најголем дел вирусот го стави под контрола во своите граници.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.