ММС

Уапсен германски лекар поради убиство со смртонсни инјекции на двајца пациенти заразени со корона

Лекар од Универзитетската болница во Есен е уапсен под сомнение дека убил двајца пациенти со смртоносни инјекции, а германските медиуми пишуваат дека се работело за пациенти заразени со коронавирус, пренесува Н1.

Полицијата соопштила дека се работи за 44-годишен лекар на Универзитетската клинија во западногерманскиот град Есен. Осомничен е дека им дал смртоносни инјекции на 47 и 50-годишен пациент, кои починале на 13 и на 17 ноември.

Лекарот тврди дека делувал во договор со семејствата на пациентите за да им ги скрати маките, а и оти смртоносна инјекција му дал само на едниот од двајцата починати пациенти.

Двајцата пациенти биле во критична состојба, а медиумите пренесуваат оти биле заразени со коронавирус.

Активната помош при суицид во Германија е забранета.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.