ММС

Објавено на: 11/20/20 11:27 PM

Пукање во американски трговски центар: Има и жртви

Десетина возила на полицијата и неколку на итната помош се пратени во трговскиот центар Mayfair во државата Висконсин. Медиумите пренесоа дека повеќе луѓе се повредени откако некој почнал да пука внатре.

Екипите на полицијата и на итната медицинска помош излегле на терен околу 15 часот по локално време. Трговскиот центар и училиштето во близина во моментов се заклучени.

Неофицијално, меѓу жртвите има три малолетни лица. Сепак, се уште не е познато дали напаѓачот е приведен или се уште е на слобода.

Фото:  fox10phoenix.com

Извор:   srbijadanas.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.