ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/11/18 7:57 AM

Денеска ќе сведочи заштитен сведок за убиството кај Смилковското Езеро

Денеска на судско рочиште ќе биде сослушан заштите сведок за предметот „Монструм“, односно петкратното убиство кај Смилковското Езеро што се случи во 2012 година.

На претходното рочиште немало доволно технички услови за да се сослуша овој сведок, па затоа неговото сведочење беше одложено. Рочиштето ќе биде отворено за новинарите и за јавноста.

Предметот „Монструм“ сега го води Специјалното јавно обвинителство. Во првичната постапка на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Потоа Врховниот суд ги ослободи од притвор Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се во бегство и по кои се распишани меѓународни потерници.

 

Преземено:365.com.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1