Реални илустрации за жените кои се спротиставуваат на сите стереотипи
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/20/20 3:29 PM

Реални илустрации за жените кои се спротиставуваат на сите стереотипи

Лејни Молнер е девојка која преку својата уметност решила да ги охрабри жените. Таа создава искрени илустрации кои се спротиставуваат на сите стереотипи за улогата на жената во општеството.

„Притисокот врз жените доаѓа од сите страни: семејство, медиуми, мажи… Неверојатно тешко е да ги исполниш сите очекувања кои општеството ги има поставено за жените. Особено е тешко да се придржуваш до онаа лажна слика за совршена жена со совршени пропорции, жена која истовремено е домаќинка и амбициозна, силна но и чуствителна, жена која изгледа идеално и истовремено го прифаќа процесот на стареење, можам да продолжам и понатаму но списокот е предолг, уморни сме од ова“, вели Лејни.

Постојаните притисоци и осудувања врз жените кои не исчезнуваат ниту со текот на времето особено и пречат на Лејни, па вели: „Во 2020 година веќе е време да престанеме да им кажуваме на жените како да изгледаат и што да облечат. Како и да изгледаме, на секоја од нас може да ѝ се случи да биде осудувана, објективизирана, да биде жртва на сексуален напад и да има скршено срце. Затоа мора да се знае дека начинот на кој се облекуваме и како изгледаме говори за нашите карактери, расположенија, верувања и комфортни зони, а не за нашите морални вредности. Жени, правете го тоа што сакате да го правите!“, додаде таа.

Сето ова е инспирација за Лејни која создаде неколку илустрации со кои сака да покаже еден мал креативен бунт против стереотипите кои ги следат жените.

Дел од илустрациите на Лејни можете да погледнете и во нашата галерија.

Извор: Bored Panda

Фото: Lainey Molnar


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7