ММС

Необична болничка сцена: Пациент и медицински сестри пеат народна песна за време на операција

Несекојдневна снимка од операциона сала од болница во Прибој ги шокираше корисниците на социјалните мрежи. На снимката се гледа како пациент кој лежи на операциона маса заедно со медицинскиот персонал ја пее песната Sve behara од Сафет Исовиќ. Тие пеат додека лекарите го оперираат пациентот.

Всушност, медицинските сестри обидувајќи се да го поттиснат стравот кај пациентот, од мобилен телефон ја пуштиле народната песна и танцуваат покрај операционата маса, додека пациентот се обидува да ги следи.

Ова видео предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, па додека некои ја прифатија оваа забава во операционата сала како неопходна поради успехот на операцијата, многу други ја осудија ваквата постапка.

Извор:      espreso.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.