ММС

Микро регионот Малеш-Пијанец промовиран во нова туристичка дестинација (видео)

Рекреативно пешачење, искачување на висините, посета на пештерата Коњска Дупка и пчеларник, каде се произведува еколошки мед, како и запознавање со природните убавини, сето тоа следно со дегустација на локалните специјалитети се случуваше изминатиот викенд во Малешевско – пијанечкиот крај. Локалната акциона група Малеш-Пијанец организираше промотивна викенд тура од два дена за туристички работници, новинари и инфлуенсери во Малешевската и Пијанечката област, со општините Берово, Пехчево и Делчево. Тони Стоименовски, од Локално – акционата група вели дека целта на оваа акативност е да се искусат традицијата, гастрономијата и природните убавини на ова парче од најисточниот дел од земјата.

-Денеска имаме можност да тестираме две тури и тоа  – во околината на Пехчево, турата за семејства, која ја нарековме семејна тура. Имаме уште една тура, која се одвива паралелно –  спортска тура, која што во поглем дел ги промовира природните реткости на микро регионот Мапеш-Пијанец и велосипедските односно пешачките патеки. Главна цел е да го промовираме регионот Малеш-Пијанец, кој навистина изобилува со природни реткости и вредности, од кои ние досега и преку други проекти, имаме мапирани околу 32 локации, кои се обележани со патокази, со информативни табли, со QR кодови, со ГПС се лоцирани, каде што на многу лесен начин, секој посетител ќе може да дојде и да се увери во убавините на нашиот микро регон Малеш-Пијанец, кажа Стоименовски.

Насловот на  турата е „Малеш-Пијанец е вашата следна дестинација“,  со едукативно-информативни содржини, меѓу кои и посета на пчеларник, каде што се добива чист малешевски мед добиен на одржлив начин и посета на едукативен центар за природа во с.Негрево. Гостите исто така имаат прилика да ги вкусат и карактеристичните кујнски специјалитети од овој крај.

За турата „Малеш-Пијанец е вашата следна дестинација“:

Главни содржини на семејната тура:

Посета и дегустација на малешевски мед во пчеларник со одржлив начин на производство на мед;
Посета на областа Јудови Ливади и инсектојадното растение Муволовка, кој е балкански ендемит;
Дегустација на традиционална храна во автентичен амбиент;
Посета на Едукативниот центар за заштита на природата и запознавање со биодиверзитетот на Брегалничкиот регион;
Посета на работилница за традиционално производство на волнен филц;
Посета на Беровско Езеро;;
Посета на пештерата Коњска Дупка и тврдината над село Град;
Посета на локалитетот Илин Камен;
Посета на воденица од така наречен “Турски вид“ со обратен правец на ротација;

Главни содржини на спортската тура:

Hiking тура од Пехчево преку локалитетот Вртена Скала до село Негрево;
Посета на областа Јудови Ливади и инсектојадното растение Муволовка, кој е балкански ендемит;
Посета на Едукативниот центар за заштита на природата и запознавање со биодиверзитетот на Брегалничкиот регион
Дегустација на традиционална храна во автентичен амбиент;
Посета на првиот авантуристички парк во земјава со вкупна должина од 700 метри;
Посета на работилница за традиционално производство на ракотворби од волна;
Посета на викенд населбата Абланица, геоморфолошките феномени мелови кај Паркач и водопад на Равна Река;
Посета на геоморфолошките феномени Кукуље над село Нов Истевник;
Посета на локалитетот Илин Камен;
Посета на воденица од така наречен “Турски вид“ со обратен правец на ротација.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.