ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/19/20 4:57 PM

Фатени на дело: Приведени двајца крадци кои извршиле 18 тешки кражби од автомобили во Скопје

Полицијата синоќа уапсила двајца крадци, кои во текот на септември и октомври извршиле вкупно 18 кривични дела „тешка кражба” во патнички возила на територијата на Скопје.

„На 19 ноември во  03.10 часот на подрачјето на Карпош во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош биле лишени од слобода П.К.(48) и С.А.(40), двајцата од Скопје, бидејќи биле фатени на лице место како извршуваат кривично дело „тешка кражба ” во патничко возило, сопственост на Г. И. (49) од Скопје. Двајцата крадци биле приведени во Полициската станица Карпош и при извршен разговор со нив појасниле дека во текот на септември и октомври имале извршено 18 кривични дела „тешка кражба” во патнички возила на територијата на Скопје“, информираат од МВР.

Против лицата, по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7