ММС

(Видео) Знам дека животот не те галеше – Со песна и тамбури погребан Киќо Слабинац

Последното збогување на Крунослав Киќо Слабинац се одржа во крематориумот  Загреб.  Семејството и најблиските пријатели се збогуваа со легендарниот музичар, а во моментот на неговото последно збогување, ос неговата родна Славонија засвиреа  славонски и барањски тамбураши. „ Замина со мирисите на утрото“ и „Тамбурашка разделба“ се композиции изведени од тамбураши во исто време во  неколку града.

19.11.2020., Zagreb – Posljednji ispracaj pjevaca Krunoslava Kice Slabinca na krematoriju Gaj urni na Mirogoju. Photo: Tomislav Miletic/PIXSELL

Со музика  се збогуваа од Киќо и во Загребскиот крематориум. Отсвирен е и еден од неговите најголеми хитови, песната „Русокоса“.

Од Слабинац се прости и градоначалникот на Загреб,  Милан Бандиќ.

– Роден си во градот на Драва, а најголемиот дел од животот го помина во градот на Сава, која те прифати и сакаше како свој син. Направи доволно за нашата култура за 20 животи. Знам дека животот не те галеше и дека направи се со труд, талентот и Божјата промисла. Беше универзален, Бог ти го даде тоа- заклучи Бандиќ.

Слабинац почина во петокот во загребскиот КБЦ, каде помина три месеци. Тој беше подложен на операција на срцето и му беа вградени три бајпаси поради сериозно коронарно срцево заболување кое ги зафати сите крвни садови. Оттогаш е на интензивна нега и беше поврзан со апарати за дишење. Пред неколку недели требаше да биде одделен од апаратот за дишење, но неговата состојба повторно се влоши. Доби пневмонија и инфекција.

 

Извор и фото: index.hr/ vecernji.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.